На денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести се дискутираше за укинување на вакциналните сертификати во моловите и за интензивирање на процесот на вакцинација.
Д-р Злате Мехмедовиќ изјави дека ќе се работи на нова кампања за интензивирање на процесот на имунизација на населението, во која фокус ќе бидат лицата со висок здравствен ризик.
Комисијата за заразни болести, одреди задржување на мерката за задолжителни вакцинални сертификати во моловите, како и задолжително носење на заштитни маски во училиштата.