Парацетамолот делува поинаку во зависност од тоа што не е во ред со телото. Во случај на повреда, ги блокира сигналите до мозокот кои му кажуваат на телото дека боли.
За време на треска, парацетамолот ги таргетира областите од мозокот кои ја регулираат телесната температура, а овој лек против болки може да се користи за сите видови состојби вклучувајќи болки во грбот, главоболки, мигрена и болки во стомакот, пишува британски Експрес.
Сепак, како и сите лекови, земањето парацетамол има некои несакани ефекти, иако тие се исклучително ретки.
Некои од нив полесно се ослободуваат, додека други бараат итно присуство на лекар. Еден од нив е тоа што кожата станува бледо жолта. Ако тоа ви се случи, веднаш побарајте лекарска помош.