Бројни светски истражувања покажаа дека оваа состојка е штетна, а најголема опасност е за апокрините, односно една од двата вида потни жлезди кои се создаваат во пубертетот.
Нивната улога е да испуштаат пот која добива непријатен мирис при контакт со бактерии, а токму алуминиумот во дезодорансите може да ја запре нивната работа.
Покрај тоа, алуминиумот се апсорбира преку кожата, па во одреден момент може да ја оштети ДНК, зголемувајќи го ризикот од клетките на ракот.
Веројатно сте слушнале предупредувања за тоа како да избегнувате дезодоранс или антиперспирант што содржи алуминиум или алуминиумски соли како што е алуминиум хлорид, бидејќи некои истражувања ги поврзуваат со рак на дојка и Алцхајмерова болест.
Иако многу луѓе наизменично користат дезодоранс и антиперспирант, тие не се иста работа. Едноставно кажано, дезодорансите помагаат да се блокира мирисот на телото, но не престануваат да се потат.
Антиперспирантите обично содржат алуминиум, кој ги блокира потните жлезди и го намалува лачењето на пот, објасни дерматологот д-р Форум Пател за Хафингтон пост, пренесува Вечерњи лист. Од друга страна, дезодорансот обично не содржи алуминиум.
Сепак, германскиот научен институт предупреди дека алуминиумот во антиперспирантите може да го загрози здравјето, па луѓето треба да ја намалат употребата на оние што го содржат тој метал.
Луѓето не смеат да ги потценат ефектите од децениската употреба на антиперспирантите кои содржат алуминиум, предупреди германскиот токсиколог Аријана Ленцнер.
1 mg на килограм телесна тежина е препорачаниот внес на алуминиум неделно.