Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на ковид-19: Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица – по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево – по 6, Неготино и Ресен – по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар – по 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Охрид, Крива Паланка и Дебар – по 2, Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.

Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од: Скопје – 612, Битола – 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип – по 28, Валандово – 26, Гостивар – 22, Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани – по 18, Неготино – 15, Богданци – 9, Свети Николе – 8, Крушево и Берово – по 7, Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево – по 5, Делчево, Демир Хисар и Пробиштип – по 4, Дебар и Виница – по 2, Струга, Охрид и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се осум починати лица, од Скопје (3) и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54 г. до 80 г. Пријавените се починати во период од 12.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а пет лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Зошто претераната употреба на дезодоранс е штетна по здравјето
Следната статијаУпотребата на марихуана трајно го оштетува мозокот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде