Според студијата, одењето може да го зголеми нивото на среќа и да не направи попродуктивни.
Некои студии велат дека 10.000 чекори би можеле да бидат добри за некои луѓе, бидејќи може да ја подобрат работата на срцето и менталното здравје и да го намалат ризикот од дијабетес.
Сепак, точно е дека оваа бројка всушност може да биде непотребна за повеќето луѓе, пишува Bright Side. Не треба нагло да ги менувате физичките активности, се треба да се одвива постепено во зависност од начинот на исхрана.
Малку луѓе можат или имаат време да ја постигнат целта од 10.000 чекори дневно.
Оптималниот број на препорачани чекори тогаш е многу помал.
Дури и одењето само 4.400 чекори дневно е многу корисно, покажа студијата.