Писателот и татко Мајк Бери во својот блог објасни зошто неговата сопруга е поважна од неговите деца и зошто ова негово мислење треба да го усвои секое семејство.
Статијата се здоби со голема популарност на интернет, некои го осудуваат авторот додека други го споделуваат неговото мислење.
Мајк и неговата сопруга Кристин имаат осум посвоени деца и се во среќен брак веќе 17 години и се општествено активни за да им помогнат на другите семејства да изградат хармонични односи.
Прочитајте ја неговата интересна статија подолу и кажете ни дали се согласувате со неговото мислење:
Обично е 20:30 часот кога на моите ќерки тинејџерки им давам прво предупредување колку е часот. И тогаш во 21 часот им велам дека треба да одат во нивната соба. Ова го правам секоја вечер и секој пат кога ќе се расправаат со мене: „Зошто треба да легнуваме во 21 часот? Ние веќе не сме деца!
Не мора да одите во кревет сега, само ве замолувам да излезете од дневната соба. Мама и јас не се видовме цел ден затоа што бевме на работа. Ни треба време да бидеме заедно.
Ќерките ги превртуваат очите.
Ние сме родители веќе 15 години и нашите деца никогаш не ни го одземале целото време. Мојата сопруга и јас поминуваме многу време со нашите деца, но никогаш 24/7.
Ги сакаме нашите деца и секако тие играат голема улога во нашите животи. Тие секогаш можат да сметаат на нас и да ја добијат нашата помош и поддршка.
Но, покрај децата, постојат и „ние“. Постојат неколку причини зошто е важно Кристин и јас да одржуваме силен брак:
- Здравиот брак е камен-темелник на домот
Децата не се камен-темелник на вашето семејство. Тие се голем дел, но не се тие кои ја чуваат оваа хаотична структура што ја нарекуваме семејство.
Најважниот дел од семејството сте вие и вашата сопруга, вашиот сопруг – вашиот партнер.
Ти си тој кој ја има целата одговорност. И децата ги избираат своите патишта врз основа на вашиот пример.
- По нив ќе бидеме и ние
Ништо не трае вечно. Ќе дојде време кога децата ќе пораснат и ќе го напуштат гнездото. Не знам за кај вас, но во мојата куќа нема место за 30-годишно дете.
Затоа, кога ќе ја напуштат нашата куќа, ќе ги имаат своите семејства и нивните деца, би сакал мојот однос со жена ми да остане силен и интимен како што беше на почетокот.
А за да имаме таква иднина треба сега да работиме на врската. Нашата врска треба да биде приоритет. Се разбира, тоа не е толку лесно како што изгледа.
- Треба да дадеме иден пример
Децата учат од нас. Тие го прават она што го правиме ние и го следат секој наш потег. Сакам нашиот брак да биде пример за нив.
На крајот од денот сите сме уморни и напнати. И да, им требате на вашите деца, тие се важни и треба да се грижите за нив.
Но, прво грижете се за односот со сопругата. Кога децата ќе видат дека нивните родители се сакани, ќе бидат сигурни дека и вие ги сакате.
Цел ден го поминуваме со нашите деца. И затоа ги замолувам да одат во нивните соби секоја вечер во 21 часот.
Така, јас и жена ми имаме љубовен состанок двапати месечно и излегуваме. Затоа што е важно. Затоа мојата сурпуга ми е поважна од децата, напиша тој на својот блог.