Бројот на туристите во државава во ноември 2021 година изнесува 38 997, од кои 45.5 проценти се домашни, а 54,5 проценти се странски.
Како што објави вчера Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90.693, од кои 49,3 проценти се од домашни туристи, а 50,7 отсто од странски туристи.
Во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 52 проценти.
Кај домашните туристи има зголемување за 19,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 145,6 проценти.
Според ДЗС, во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 36,5 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 14,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 164,7 проценти.