Сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност.

Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер.

Минималната дневна температура во Скопје ќе биде -6, а максималната ќе достигне 9 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.