Верувале или не, носењето градник додека спиете е всушност прашање на избор, велат експертите. Имено, не постои истражување кое тврди дека спиењето во градник лошо влијае на нашето здравје или изгледот на градите, но сепак треба да внимаваме на некои работи.
Многу е важно да носите градник во текот на денот, за да не се опуштат градите. Имајќи го предвид ова правило, многу жени затоа спијат со градник, па се поставува прашањето дали оваа причина е оправдана.
Носењето градник додека спиете не го спречува опуштањето на градите, но на оваа појава влијаат бројни фактори како што се возраста, бројот на бремености, индексот на телесна маса, генетиката, хормоналните промени за време на бременоста и тежината на самото ткиво на дојката.
Ако сакате да спиете во градник, советот на експертот е да ги одберете оние помеки или спортски градници без жици и неудобни ремени, за да ви биде поудобно.