Стабилното психолошко здравје се гради со работа на себе. Доколку сакате да ја одржите психолошката стабилност потребно е да ги селектирате, доработувате и артикулирате сопствените мисли за да се запознаете подобро со себе.
За таа цел секој од нас е потребно да помине 40-50 минути сам со себе во текот на денот. Во рамките на времето кое го посветувате сами на себе, потребно е да ги исфрлите од употреба сите работи кои ви го одвлечкуваат вниманието: телефон, социјални мрежи, радио или ТВ, бидејќи користењето на технологија значи дека вашето внимание е насочено кон друг или друго, а не кон самите вас.
Што да правите додека сте сами со себе?
Ве советуваме да почнете со размислување за тоа како сте се чувствувале денеска, какво било вашето расположение, а потоа и да се обидете да ја најдете причината за вашите емоции.
- Водете дневник
Запишете ги главните настани од денот кои најмногу ви оставиле впечаток, но напишете и како сте се чувствувале додека ви се случувало нешто.
Дневникот е важен да ги артикулирате сопствените мисли и да дознаете што ви пречи и што треба да избегнувате во иднина.
- Медитирајте
Фокусирајте се на вашето дишете, обидете се да мислите само на воздухот кој влегува во белите дробови и издишувањето. Ќе сфатите колку е тоа всушност тешко, бидејќи протокот на мислите е неверојатно брз и неисконтролиран.
Со секојдневни вежби за дишењето постепено ќе го зголемувате фокусот и ќе разбете дека правилното дишење може да го намали стресот, да ја контролира паниката и анксиозноста и секако да го зачува здравјето на срцето.