Остатокот го обезбедуваат набавките на регионалните енергетски берзи, каде цените достигнуваат 350 евра за мегават-час.
Во средата привремено беше активирана термоцентралата Неготино која работи на мазут, а во претходните 12 години имаше функција на ладна резерва.
Претседателот на македонската Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека до 1 јануари нема да има промени во цената на струјата за домаќинствата, но нема да има ограничувања во снабдувањето.
Сепак, според него, следната недела ќе се знае колку ќе поскапи струјата. Некои пресметки покажуваат дека зголемувањето би можело да биде и до 40 отсто.
ЕРО веќе добила барање од ЕВН Дистрибуција за зголемување на тарифата за 100 отсто, поради големите загуби на мрежата и високите цени на берзите. За ова барање регулаторот ќе одлучува и следната недела.
Доколку се прифати ова барање на ЕВН, конечната сметка би се зголемила за 34 отсто.
До крајот на месецот ЕРО очекува апликации од МЕПСО и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.
Владата веќе се подготвува за поскапување. Планирано е 45.000 од најсиромашните семејства да бидат субвенционирани со 1.000 денари (16,4 евра) месечно.