Јужнокорејскиот град Бусан, UN-Habitat и Oceanic потпишаа историски договор за изградба на првиот одржлив прототип на пловечки град во светот.
Проектот за архипелагот Океаникс Сити беше дизајниран од архитектонската фирма BIG и првпат беше претставен во 2019 година.
Пловечкиот град, кој е систем на шестоаголни платформи, е дизајниран да издржи природни катастрофи како поплави, цунами и урагани, а ќе биде изграден покрај брегот на градот Бусан, кој има 3,4 милиони жители, пишува Designboom, пренесува gradnja.rs.