Натрупани обврски? Презаситеност од тоа што го работите? Намалена мотивација? Сметате дека не сте доволно платени за онаа што од вас се бара? Сведочите на неправди? Нема тимска работа, туку само „правење паметни“? Се тоа може да биде извор на стрес на работното место.
Но бидете мудри и надминете го стресот на брз и ефикасен начин, бидејќи само така ќе си го зачувате и своето здравје и своето достоинство.
- Не влегувајте во конфликти
Не дозволувајте никој да ве испровоцира, а уште помалку треба проблемите од работа да ги носите дома, па стресот да биде причина за расправа со најмилите.
Обидете се да смените нешто – простор, внесете повеќе индивидуален пристап, не користите паузи за да избегнете контакт со колегите и надредените, или едноставно некогаш одбијте да ги испочитувате роковите или натрушаните задачи.
Дајте до знаење дека и на вашата толеранција и доаѓа крајот.
- Оставете ги другите да се докажат
Србите имаат поговорка „Ко га нема без њега се може“. Секако дека лесно ќе го надокнадат вашето отсуство, но можно е да го чувствуваат.
Оставете ги другите да ја завршат работата за која вие се боревте, за да процените дали можат без вас.
Ако можат без вас тогаш работите механичка работа која никој не може да мотивира. Ако сепак вашата работа има личен печат, вашите надредени полека ќе почнат да го менуваат нивниот однос, бидејќи ќе го сфатат вашето значење и придонес.
- Работете на стекнување повеќе вештини
Користете ја секоја можност да се доедуцирате бидејќи на тој начин ќе стекнете мноштво вештини што ве прават конкурентен работник.
Па ако одлучите да дадете отказ на работното место, ќе бидете сигурни дека на следниот работен оглас ќе го добиете вашето ново работно место.
Згора на се, амбициозните луѓе сакаат да менуваат работни средини бидејќи на тој начин учат нови работи и се унапредуваат.