Давањето отказ е сложен процес сам по себе кој не завршува во моментот откако ќе доставите известување за оставка. За вас ги издвоивме најголемите и најчестите грешки при давање отказ според експертите за човечки ресурси.

  • Рушење на мостовите кои би можеле да ве поврзат со подобро работно место во иднина

Иако со текот на годините, колегите можат да заборават на што точно сте работеле заедно, никогаш нема да заборават каков впечаток сте им оставиле. Важно е да оставите добар впечаток при напуштање на работното место.

Замислете, можеби некој од истите колеги во иднина ќе биде одговорен токму за вашето резиме и одлуката дали да ве вработат или не.

  • Ја споделувате со другите веста за вашето заминување, а сè уште не сте сигурни дали ќе добиете ново работно место

Пред да си дадете отказ осигурете се дека ви е загарантирано новото работно место.

Бидете внимателни на кои луѓе ќе им ги доверите вашите планови, без разлика на фактот дека сте во одлични односи со нив.

  • Прерано известување

Правилото е да го известите работодавачот две недели до еден месец пред заминување, но и не е задолжително во сите случаи. На пример, за време на пандемијата, за некои вработени отказниот рок траел и помалку време.

Според некои експерти, освен ако не сте менаџер или извршен директор и постои вистинска деловна причина да имате подолг отказен рок, еден месец е сосема доволен.