Австралиската регулаторна агенција донесе привремено одобрување со кое вакцината на „Фајзер“ може да ја примаат деца на возраст од пет до 11 години. Министерот за здравство Грег Хант рече дека имунизацијата може да започне на 10 јануари.

Тој, како што пренесе „Гардијан“, истакна дека регулаторната администрација направила внимателна и темелна проценка и утврдила дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека е во интерес на австралиските деца на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат.

По првичното одложување на програмата за имунизација против ковид-19, Австралија стана една од водечките земји во светот во однос на стапката на вакцинација. Речиси 88 проценти од возрасните постари од 16 години примиле две дози.

Високата стапка на вакцинација помогна да се спречи ширењето на вирусот и да се поттикне брзото економско закрепнување.

Нов Јужен Велс, земјата со најголема популација, денеска регистрираше уште два случаи на омикрон и сега има вкупно 15. Но, се уште не е познато дали и колку вакцините се ефикасни против овој вид.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Изберете го идеалниот џемпер за вас врз база на овие неколку прописи:
Следната статијаВременска прогноза: Врнежи од дожд и снег низ цела Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде