Телото го произведува хормонот мелатонин кога температурата паѓа и тоа е важно бидејќи му помага на телото да заспие, пренесува BirminghamLive.
- Го забавува стареењето
Д-р Рајан рече: –Мелатонин не само што ја зголемува склоноста за спиење, туку е и хормон кој помага да се забави процесот на стареење. Го намалува оштетувањето на оксидативниот стрес и нивото на кортизол и го намалува системското воспаление.
Доколку спиеме во топла просторија правиме опструкција во процесот на лачење на овој хормон.
- Нема одмор за телото
Д-р Рајан продолжи:
–Основната температура на нашето тело мора да падне за да почнеме да спиеме.
–Значи, пониската температура ве приближува до целната температура за спиење на вашето тело, така што заспивате многу побрзо.
–Истовремено кога е потопло, телото работи напорно за да се обиде да ја намали температурата. Топлите температури значат дека вашиот мозок и тело се поактивни обидувајќи се да ве разладат, вели д-р Рајан.
–Оваа зголемена мозочна активност ја ограничува количината на РЕМ и бавниот сон што му треба на вашето тело за да се наполни.