Во словенската митологија Велес или Волос бил бог на стоката, мудроста, уметноста, богатството, имотот, магијата, измамата, трговијата, гатањето, доблеста и водич на мртвите души.
Тој е бог на подземјето, но многу почитуван бидејќи сточарството и земјоделството можеа да му донесат богатство на човекот во тоа време.
Би прогласен и за заштитник и на дивите и на домашните животни. Иако можел да има различни форми, често опишан во драмата како крупен човек со долга црвена брада, тој секогаш имал рогови (обично елени или бик) и наметка од кожа од мечка или волк (тој се сметал и за господар на сите волци).
Велес скитал низ шумата во придружба на куц волк, и носел зима.