Procter & Gamble апелира до потрошувачите да не користат одредени дезодоранси и хигиенски спрејови од брендот Old Spice и Secret бидејќи содржат супстанца која предизвикува рак!
Компанијата им наредила на продавниците во САД и Канада да ги повлечат овие производи од своите рафтови, а споменатите дезодоранси се продаваат и низ регионот.
Тие апелираа до потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи да престанат да ги користат бидејќи може да содржат бензен, кој е познат како канцероген кој предизвикува леукемија, рак на крвта, рак на коскената срцевина и опасни по живот нарушувања на крвта, соопшти американското Министерство за здравство.
Сепак, компанијата Procter & Gamble соопшти дека ризикот по здравјето на потрошувачите е мал, а сето тоа се базира на проценката на ризикот од рак на американската Агенција за заштита на животната средина.
Компанијата соопшти точно кои производи се проблематични, т.е. во која е пронајдена проблематичната супстанција:
- Old Spice Sweat Defence Pure Sport Plus Dry Spray
- Old Spice Sweat Defense Stronger Swagger Dry Spray
- Old Spice Sweat Defense Ultimate Captain Dry Spray
- Secret Outlast Completely Clean Dry Spray