Научниците велат дека треба да внимаваме каде и како го чуваме овој скапоцен зачин!

Имено, поради ваква фатална грешка, биберот може да го изгуби вкусот.

Кога станува збор за чување и складирање на храна, мислиме дека горе-долу ги знаеме сите правила, лебот го чуваме во затворен дел за да остане свеж подолго, ставаме месо во фрижидер, а компирите и кромидот и ги ставаме некаде каде што нема многу природна светлина … Сепак, дали знаете каде да чувате бибер?

Научниците велат дека на тоа треба да внимавате и правилно да го чувате овој зачин за да ги задржи неговите својства и вкус, а многумина го оставаат таму каде што ќе стигнат и често го чуваат во пластични садови, што не е најдобра идеја, пренесува „UNILAD“.

Мелениот бибер треба да се чува во кујнскиот елемент, подалеку од сончева светлина која може да ги уништи вкусот и аромата, а најдобро би било да ја чувате во дрвена кутија.