Денеска е втор ден од прогласената тридневна жалост во Македонија.
Владата на вчерашната седница усвои одлука за прогласување на тридневна жалост по повод сообраќајната несреќа во кога загинаа 25 патници од македонски автобус во соседна Бугарија.
Поради тридневната жалост во земјава знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а се препорача откажување на сите јавни настани како и прилагодување на медиумската програма во контекст со Денот на жалоста.