Една третина од луѓето на планетата, односно три од 9 милијарди луѓе, би можеле да бидат погодени од екстремни горештини како оние од Сахара до 2070 година, објави истражувањето на Financial Times на научници од Кина, САД и Европа.
–Добрата вест е дека овие влијанија може значително да се намалат ако човештвото успее да го спречи глобалното затоплување, рече коавторот на студијата Тим Лентон, специјалист за клима и директор на Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.
Според овој извештај, повеќето луѓе живеат во места каде температурниот опсег е од 11 до 15 степени Целзиусови.
И покрај сите иновации и миграции, луѓето претежно живеат во овие климатски услови илјадници години.
Во споредба со прединдустриското време, глобалното затоплување доведе до пораст на температурата за 1,1 степен, а се очекува да се зголеми за 1,5 степени Целзиусови во следните 20 години.