Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, 95 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 91.9 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Од вкупниот број деловни субјекти, 48.8 % имале веб-страница или почетна страница.

Во однос на е-трговијата, 9.6 % од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 9.2 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.