Иако можеби ви е тешко да поверувате, некои женски предмети како што се потпетици, чанти или влошки и сл. првично беа направени за мажи.
Низ историјата, многу женски додатоци всушност биле машки, пренесува „Brightside“.
- Влошки
Влошките за еднократна употреба беа создадени од Бенџамин Френклин, со цел да се спречи крварење на ранетите војници.
Подоцна, медицинските сестри почнаа да ги користат како менструални влошки, бидејќи брзо се апсорбираа и беа лесни за употреба.
- Потпетици
Високата потпетица на почетокот била резервирана за оние од високата класа и воопшто не се сметале за еротски симбол, туку за симбол на мажественост бидејќи во минатото потпетици смееле да носат само мажи.
Колку биле повисоки, толку им беа поважни на другите.
Идејата за носење високи потпетици или платформи потекнува од античка Грција, а такви чевли ги носеле актери, односно мажи.
- Јога
Се верува дека јогата ја осмислиле Брамани, мажи кои се дел од индискиот систем на касти. Тие беа познати како „луѓе што ги учат другите“. Потоа јогата беше донесена на запад и полека стана популарна кај жените.
- Танга
Долна облека што го забрзува пулсот на денешните мажи, најпрво ја носеа припадниците на посилниот пол. Најстарите целосно сочувани гаќички од овој тип се чуваат во Британскиот музеј.
Тие биле направени од папирус пред три и пол илјади години и потекнуваат од древниот Египет, а нивната популарност меѓу тогашната египетска елита е потврдена со фактот дека повеќе од сто парчиња такви гаќи се пронајдени во гробот на фараонот Тутанкамон.
- Чанти
Првичната цел на сега неизбежниот женски додаток била да служи како мала торба за пари.
Ваквите чанти биле популарни кај мажите поради нивната функционалност, а како што одминувало времето, жените почнале се повеќе да носат такви чанти и на тој начин чантата стана омилено модно парче.