Децата кои имаат блага клиничка слика на  „Ковид-19“, можеби нема да развијат антитела кон вирусот, покажува австралиско истражување.

Истражувачите споредиле 57 деца и 51 возрасни со благи симптоми на ковид-19 или со асимптоматски инфекции.

Се чини дека само 37 проценти од децата развиле антитела, во споредба со 76 проценти од возрасните – иако вирусните оптоварувања биле слични во двете групи, откриле истражувачите.

Се чини дека детските организми не произвеле клеточен имунолошки одговор од втора линија на вирусот на ист начин како и возрасните, рече водачот на студијата Пол Ликиарди од Детскиот истражувачки институт Мардок во Мелбурн.

Сите испитаници вклучени во студијата беа заразени во 2020 година, објави неговиот тим во понеделникот на medRxiv.

Треба да се испита дали тоа ќе се случи и во моментално распространетата варијанта на делта, како и да се спроведат студии за да се разбере зошто децата се со помала веројатност да предизвикаат одговор на антитела по инфекција со САРС-КоВ-2, рече Ликиарди.

-Не е јасно дали тоа значи дека децата се подложни на повторна инфекција.