Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следната година на младите луѓе кои ќе наполнат 18 години ќе им биде доделена културна пропусница во вредност од 400 евра за трошење на културни содржини како книги, настани, билети за кино.
Санчез објасни дека мерката ќе го подобри пристапот на младите до културата, истовремено помагајќи и на шпанската културна индустрија која финансиски настрада за време на пандемијата со Ковид-19.
–Тоа е како подарок за 18-ти роденден и би ми било драго да го потрошат на опера или концерт на класична музика, објасни министерот за култура Микел Исета.
Најавата за пропусница за култура доаѓа неколку дена по објавувањето на државната програма за домување, со која на луѓето на возраст од 18 до 35 години со средни примања ќе им овозможи месечен попуст од 250 евра за нивната кирија