Во вториот квартал од 2021 година, бруто домашниот производ (БДП) порасна за 2,2 проценти во еврозоната и за 2,1 проценти во Европската унија, во споредба со претходниот квартал, објави Еуростат.
Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП порасна за 14,3 проценти во еврозоната и 12,8 проценти во ЕУ.
Ирска забележа највисок раст на БДП од 6,3 проценти, во споредба со претходниот квартал, потоа Португалија 4,9 проценти, Летонија, 4,4 проценти и Естонија 4,3 проценти. Падот на БДП е забележан на Малта (-0,5 проценти), и во Хрватска (-0,2 проценти).
Бројот на вработени се зголеми за 0,7 проценти во вториот квартал и во еврозоната и во ЕУ, во споредба со претходниот квартал.
Во првиот квартал од 2021 година, вработеноста се намали за 0,2 проценти и во еврозоната и во Европската унија.
Во споредба со истиот квартал минатата година, вработеноста се зголеми за 1,8 проценти во еврозоната и 1,9 проценти во Европската унија во вториот квартал.
Летонија, Грција, Данска и Португалија забележаа најголем раст на бројот на вработени лица, во споредба со претходниот квартал, додека пад е забележан во Естонија и Шпанија.