Најважниот настан во областа на културата на годишно ниво е Саем на книга.
Оваа година тој ќе се одржи од 8ми до 14ти Септември во С.Ц Борис Трајковски на отворен простор.
Работното време на Саем на книгата ќе биде од 10 часот до 21 часот, секој ден освен последниот – 14ти Септември кога работното време ќе биде до 17 часот.
Со разновидна понуда и саемски цени денеска ќе се презентираат издавачите во Македонија. Следат и големи изненадувања за читателската публика.
Специјална гостинка на овогодинешниот Саем е Оливера Ќирковиќ која на македонската публика ќе и ја презентира својата трилогија „Јас Пинк Пантер“ на спрски и македонски јазик.