Според Закон за јавна чистота член 33, се предвидува казна од 50 евра во денарска против-вредност за сите што лепат плакати на јавни површини.
Со однос на тоа дека се ближат локални избори, а лепењето на плакати пред изборите е честа пракса, доколку забележите лепачи на плакати на јавни површини, кои го огрдуваат просторот на градот и ја контаминираат перцепцијата, должни сте да пријавите како граѓанин.
Пријавите се вршат до полициска станица со свикување на бројот 192, од каде патрола со униформиран полициски службеник и инспектор за комунална хигена треба да констатираат повреда на законот.
Надлежно е и Министерството за транспорт и врски, каде може да ги адресирате своите поплаки по електронски пат на официјалната е-маил адреса.