Цела парлалека од осмо одделение во основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром од вчера е во изолација поради ученик кој добил позитивен резултат на коронавирус, а во средата бил на настава, на првиот училиштен ден од новата учебна година.

Се пожалил на главоболка, а утредента веќе било познато дека е позитивен на коронавирус. Уениците добиле порака да останат дома во следните две недели.

Освен за одделението од „Љубен Лапе“, од Министерството за здравство велат дека епидемиолозите прават анкети и во други училишта каде што ученици при влезот имале покачена телесна температура.

По една и пол година онлајн-настава, учебната година вчера почна со физичка настава во средните и во основните училишта.