Добитникот на Нобеловата награда, еден од најпознатите физичари и човекот кој ја претстави најпознатата теорија, имал можност да стане втор претседател на моќна држава.

Првиот израелски претседател, Хаим Вазман, еднаш истакнал дека Алберт Ајнштајн е „најголемиот“ Евреин што некогаш живеел.

Поради тоа, на 17 ноември 1952 година, израелската амбасада испрати официјална понуда до овој научник, барајќи од него да стане вториот претседател на Израел!

Во писмото се вели дека научникот ќе мора да се пресели во Израел, но како што навеле, тоа нема да влијае на неговата научна работа.

Кога ја добил понудата, Ајнштајн имал 73 години, што е многу невообичаено за претседателска улога. Сепак, тоа не им пречело на израелските власти.

Може дури и да работи на нашата економија, да ја обнови, со знаење за математика – изјави еднаш статистичарот за списанието „Тајм“.

Но Ајнштајн експресно ја одбил таа понуда со одговор дека „Не се разбира во човечки работи!“