За влез на сите настани кои се организираат освен сертификат за вакцинација треба да приложат и потврда дека од прележаниот ковид има поминато најмалку 45 дена, рече министерот за здравство Венко Филипче посочувајќи дека новите мерки започнуваат од понеделник.
–Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица, но во овие рамки има и нова потврда за прележан ковид со која граѓаните исто така ќе може да се движат на посочените места, дополни Филипче.
Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).