Предавството е една од најболните состојби со кои се соочуваме во текот на животот. Кога сакаш личност, веруваш во неа, и таа игра на твојата доверба и те повредува. Без разлика дали се случува во љубов, пријателство или семејни односи, предавството е секогаш причина за ранливост и предизвикувач на страв од следната врска, пишува Ловесенса.

Простувањето е лекување и многу животни тренери и верски учители веруваат дека треба да простуваме за да ни биде простено.

Навистина, секогаш простувај и тргни го тој товар од твојата душа, но исто така учи од своите грешки и не враќај се на изворот на болката.

Има луѓе кои имаат тенденција повторно да се поврзат со „предавниците“, создавајќи нови односи со нив и веруваат дека се ќе биде поинаку, подобро, за да не се повтори грешката.

И сосема е можно дека ќе биде така, но по предавството што ужасно ве повредило или што се повторува, време е да се откажете и да продолжите понатаму. Не трошете ги емоциите и времето на токсични луѓе.

Францускиот актер Жак Рено еднаш им даде мудра порака и совет на сите:

Не можете да се вратите кај предавниците! Забрането е! Грицкајте ги ноктите, џвакајте ја земјата, но не враќајте се таму каде што некогаш ве изневериле.

Актерот зборува за достоинството и вербата во себе како штит од нови емоционални рани. Има луѓе кои лесно ги изневеруваат другите, но има и такви кои, од страв од промена или осаменост, остануваат во врска во која биле измамени.