Мора да признаете дека секогаш кога ќе сретнете маж кој е потенцијален партнер, се прашувате кој е знакот во хороскопот и дали ќе се согласувате.
Дури и да e шега, сигурно ви е забавно да откриете што велат ѕвездите и знакот под кој е роден за неговите квалитети, желби и што бара кај секоја жена.
Ако треба да им се верува на астролозите, постои еден знак со кој врската е вистинска катастрофа, а заедничкиот живот е повеќе од заморен.
Верувале или не, се работи за Риби.
Иако Рибите се сметаат за најемотивниот знак на Зодијакот, нивниот заеднички живот не оди добро.
Тие живеат во нивниот свет полн со фантазија, длабоки чувства, постојано размислување.
Поради голема неизвесност, тие често избираат партнери кои се сосема спротивни од нив.
Поради преголемата количина на чувства, луѓето честопати ги сметаат за голем товар.
Бидејќи избираат партнери со кои не се компатибилни, честопати се чувствуваат несигурно и љубоморно, и тоа во никој случај не е правило за успешна врска.