Патувањето во странство не треба да подлежи на задолжителни барања за вакцинација против коронавирусот, изјави на денешниот редовен брифинг на Светската здравствена организација, портпаролот Тарик Јашаревиќ

СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме дека вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања, рече Јашаревиќ.

Причината за ваквата позиција е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап, рече Јашаревиќ.

СЗО, истовремено, го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат”.

Многу земји од ЕУ воведоа услови за влез во земјата, а еден од условите беше и сертификат за задолжителна вакцинација.

Опциите беа ковид пасоши кои ќе потврдат дека патникот примил две дози на вакцина против ковид и дека е безбеден за околината.

Но СЗО го смета овој потег за целосно неетички и се противи на одлуката на националните влади да ги задолжуваат патниците на вакцинација.