Голем дел од мажите наоѓаат само еден атрибут да ја објаснат женската природа и таа се мери во градација на женственоста.
Но, доколку се запрашаме што е „женственост“, дали е тоа една карактеристика, или збир на карактеристики поставени во специфичен однос меѓусебно и во однос кон целината, не е баш лесно да најдеме прецизен одговор.
Дека некоја жена е повеќе женствена од друга е дефинитивно сериозен суд, но ајде да видиме на што тој суд се заснова:
- Умереност
Женствените жени (иако е плеоназам) се секогаш умерени и кај нив не е пренагласено апсолутно ништо.
Ниту фризура, ниту шминка, ниту парче од облека, ни накит, уште помалку реакциите, емоциите во одредени ситуации и однесувањето.
Најпривлечна е онаа жена која има мерка во се и која има апсолутна самоконтрола.
- Однос кон другите
Тој е секогаш исполнет со љубезност, добронамерност и емпатија.
Најголем број од мажите изјавиле дека најженствена жена не е ниту онаа која е предоминантна, ниту онаа која е преинфериорна во однос на нив.
Едноставно таа знае кога да го препушти водството на мажот, а кога треба да интервенира со цел да му помогне да го одржи правецот!
- Работа на себе
Дали некој работел на себе и колку работел се препознава уште на прв поглед.
За привлечна жена се смета онаа која вложила во себе, во својот изглед, образование, воспитание и социјални активности.