Истражувачи од Универзитетот во Јужна Австралија ги проучувале ефектите на кафето кај 18.000 луѓе на возраст меѓу 37 и 73 години за да откријат дали омилен пијалок влијае на мозокот, поточно на обемот на мозокот и ризикот од деменција и мозочен удар.
Тие научиле дека вишокот кафе може да има лоши последици по здравјето на мозокот, а луѓето кои пиеле повеќе од шест шолји на ден имале 53% поголем ризик од деменција, како и помал волумен на мозок.
– Откривме дека поголемата потрошувачка на кафе е значително поврзана со намален волумен на мозок. Во основа, конзумирањето на повеќе од шест шолји кафе на ден може да доведе до ризик од мозочни заболувања како што се деменција и мозочен удар – рече др. спец. Кити Фам, коавтор на студијата.
– Едно едноставно нешто што можеме да направиме е да бидеме хидрирани и да не заборавиме да пиеме малку вода со шолја кафе – објасни професорката и коавтор на студијата, Елина Хејпонен.
Од друга страна, умерениот внес на кофеин е всушност позитивно поврзан со здравјето на мозокот.
Според истражувањето од 2010 година, пиењето од три до пет шолји кафе на ден било поврзано со намален ризик од деменција и Алцхајмерова болест за околу 65% подоцна во животот, пишува mbg.