На 25ти Јули 2021 година со почеток во 19.00 часот во резиденцијата на Ана Плетварска, с. Плетвар – Прилеп се одржа промоција на три книги од Тихомир Јанчовски.

Пред прилепската публика беше претставена книгата „Се што знам за животот“ кој излезе од печат во 2019 година.

Станува збор за прозно дело, дневник кој одработува филозофски тематики опишувани низ настани класифицирани низ временски референци.

Втората книга, која беше претставена пред публиката е „Тихување“ или поетска книга која е компонирана од песни пишувани во период од 1999 до 2019 година.

Избор на поезија од книгата „Тихување“ како и поетското читање го направи Игор Трпчески, инаку актер во прилепскиот театар.

Третата книга е „Како ми скроија капа“ – збирка од колумни пишувани за Утрински весник во периодот од 2013 до 2018 година.

Промотори на настанот беа: Игор Трпчески, инаку организатор на настанот и Магдалена Стојмановиќ, инаку уредник на книгата „Се што знам за животот“.

Збор зема и авторот, а премиера на нова песна имаше Зоран Тортески од групата „Мизар“.

Целата промоција можете да ја видите на youtube каналот на Prosperium films, на линкот подолу: