Луѓето се разликуваат во толеранција на болка и начинот на кој ја покажуваат. Некои луѓе постојано плачат и на најмала повреда, другите ги затвораат своите чувства во себе и не ги покажуваат.
Во секој случај, скоро да не постои човек што не плаче и плачењето е антрополошка специфика.
Психолозите советуваат да ги покажувате своите емоции и да плачете, наместо да ги затворате емоциите во себе.
Неизразувањето на емоциите може да придонесе до подвојување и биполарно пореметување.
- Солзите ја мијат болката од душата
Кога луѓето ќе се исплачат тие буквално ја исфрлаат болката од себе и се чувствуваат подобро.
Ако не сакате да плачете во јавност, направете го тоа насамо, но никако не игнорирајте ја потребата да пуштите солзи.
Солзата е реакција на душата да ја исфрли болката.
- Не е точно дека плачат само слабите луѓе
Ако не плачете и ги задржувате емоциите ќе станете емотивно многу слаби.
Само емотивно интелигентните луѓе знаат како треба да ги менаџираат емоциите и да ги покажат на вистински начин.