Сте забележале ли дека ако поставите прашање на некој повозрасен човек „Како сте“ и при тоа го персирате од учтивост, тој ќе ви одговори „Добри сме“.
Во суштина вие прашувате во еднина со учтива форма, а добивате одговор во множина.
Ова е не така редок и многу чуден феномен, но што тој открива?
На некои луѓе им е непријатно да зборуваат во прво лице еднина и тие се навикнати да истапуваат кон другите како множина.
Во суштина тоа се слаби личности кои немаат свест за сопствената индивидуалност и се подведуваат под правилото на групата.
Со цел да кажат личен став тие секогаш ќе цитираат неколку луѓе или ако сакаат да ви пренесат порака ќе ја пренесат индиректно како нечии туѓи зборови и сл.
Тоа покажува дека луѓето не се спремни да ги носат одговорностите за своите зборови, па најлесно е, одговорностите да им ги префрлат на другите.
Исто така се слаби и исплашени дека ќе бидат откриени нивните ставови кои не знаат да ги бранат и рационализираат.
Совет:
Секој збор што ќе ви го каже некој, во пренесена форма, со цитат или како туѓо мислење за вас, знајте дека тоа е всушност НЕГОВО мислење за вас, само нема храброст да ви го каже и нема доволно доблести да ви истапи како самостојна, зрела, етичка индивидуа.
Не верувајте им на луѓе кои за себе зборуваат во множина и тргајте ги полека од вашите животи!