Верувале или не, но кората од лимон е поздрава од сокот од лимон, но многу е важно да е од органско производство.
Витамини А и Ц, калциум, калиум и влакна во кора од лимон ја поддржуваат работата на срцето, мускулите, очите, нервниот систем и дигестивниот тракт.
Од друга страна, полифенолите кои се наоѓаат во лушпата на овој цитрус имаат својство на силни антиоксиданти кои можат да се користат во лекувањето на болести како што е ракот.
Затоа, следниот пат кога ќе исцедите лимон, запомнете ги сите придобивки што ги нуди плодот на овој цитрус.
Единствениот предуслов е лимонот да е од органско производство.
Изобилството на калциум и витамин Ц помага во одржувањето на забите и коските, а само 100 грама кора од лимон обезбедува нешто повеќе од 13 проценти од дневните потреби на возрасен човек за калциум!
Витаминот Ц игра улога во синтезата на колаген протеин, кој е неопходен за здравјето на лигаментите, тетивите, кожата и ‘рскавицата.
Кората од лимон е добра за:
Лимонското масло добиено од кора од лимон е богато со д-лимонен, антиоксиданс за кој се покажа дека е одличен во борбата против ракот на дојката и дебелото црево.
Дезодоранс со лимон
Екстрактот од кора од лимон е природен дезодоранс. Направете чај од кора од овој цитрус, изладете го и нанесете го со памучна вата на местата што се изложени на потење.
Остатокот оставете го во фрижидер.
Го намалува крвниот притисок, како и го намалува нивото на холестерол што придонесува за здравјето на срцето.
Се препорачува за луѓе кои страдаат од неправилна столица, чир на желудник и стомачна киселина.
Влакната играат значајна улога во регулирањето на телесната тежина, но исто така и во намалувањето на ризикот од дијабетес.