Понекогаш е многу важно самите да го најдете решението за вашиот проблем без да побарате помош.
Штом еднаш ќе научите сами да си помагате и да наоѓате решенија, ќе бидете целосно независни од другите луѓе.
Но постојат стриктно определени методи за самопомош кои треба да ги примените во процесот на самопомагањето.
Самопомагање е долготраен процес за кој ви треба многу работа и посветеност.
Ако се откажете во некоја од етапите, никогаш нема да стигнете до знаењето за самопомош и целта.
Важно е да бидете истрајни, како и за секој друг успех.
- Библиотерапија
Одговорот не трудете се да го најдете кај другите луѓе, туку заклучете сами.
Секако за да заклучите потребни ви се информации.
Најдобар начин да стигнете до податоци е да читате и да истражувате по книги и литература.
Што повеќе прочитани книги тоа покритично мислење.
Плус имате можност и да изградите свое мислење, поради што ќе бидете заштитени од манипулации или нема да треба да плаќате некој да ви го даде одговорот.
Библиотерапија во буквален превод значи терапија со помош на книги.
Направете мини истражување за достапната литература по одредено прашање, а потем најдете го одговарачкиот пристап – книжевниот, филозофскиот, медицинскиот или психолошкиот.
Отткако ќе ги набавите сите книги, фрлете се во акција!
Нема да верувате колку ќе се воодушевите од одгатнувањето на некои нејаснотии кои може да бидат причина за вашите страдања и проблеми.
- Водете дневник
Водењето дневник не е детска пикантерија, напротив е многу важен за личниот развој.
Наместо да разговарате со некој, секој ден запишувајте си ги своите мисли, настани и случки, а по некое време препорачитувајте ги и анализирајте.
Ако се одлучите за разговор со други луѓе, бидете подготвени на постојани упади во вашите излагања, наметнувања, совети и туѓа концептуализација, која може само повеќе да ве збуни и оттргне од вашата вистина.
Не сите луѓе имаат толеранција и разбирање за другите. Понекогаш имаат добра намера, но сосема погрешни методи кои вас ќе ве чинат многу!