Личносниот раст не паѓа од небо, ниту има голема врска со опкружувањето, условите и средината.
Најмногу зависи од нашата работа на самите себе, а без посветена работа нема резултати.
Како што за едно дело ви е потребно труд, знаење, време и посветеност да го унапредите, така е и со личноста.
- Личноста е проект
Откријте што сакате да станете. Замислете ја својата најдобра верзија и направете план како да станете тоа.
На пример ако сакате да добиете витка линија, направете план за исхрана за секој ден и план за вежбање.
Ако немате план за реализација, најверојатно се ќе остане само на желба.
- Зголемувајте си ги обврските секој ден
За мускулот да може да понесе повеќе, треба да се вежба на една тежина, а тогаш кога ќе ја освои, да се додаваат нови тежини.
Така е и со личноста. Секој ден додавајте си по една задача плус, се додека не дојдете до посакуваниот резултат.
Никогаш не се задржувајте на една скала, продолжете напред, само небото е граница!
- Прифаќајте предизвици
Потрудете се работите да ги разберете како предизвици.
Ништо ново не сфаќајте како оптеретување, туку како шанса да научите нешто ново.
- Натпревар со себе
Не водете натпревар со другите, туку со себе.
Натпреварот со другите е нереалев, резултатите се преврливи и релативни.
Натпреварот со себе секогаш се исплати повеќе, а вие гледајте да се победувате и надминувате секој ден и да станувате нова и подобра верзија на себе!