Делта сојот на коронавирусот е потврден во Босна и Херцеговина, а станува збор за аџија од Меѓугорје, потврди за „Независне“, Лана Салихефендиќ, генетичарка од Генетскиот центар „Алеа“ во Сараево, каде бил секвенциониран овој нов вид на вирусот.
Според неа, тестирани биле аџии кои пристигнале во Меѓугорје, а од 100 примероци, пет биле позитивни на вирусот.
– Издвоивме уште неколку кои беа сомнителни и откривме дека тоа не е британската линија, па пристапивме кон секвенционирање и утврдивме дека еден примерок е 100 процентно потврден за делта сојот на коронавирусот. Останатите сè уште не се потврдени, но веруваме дека има и повеќе – изјави Салихефендиќ.