Љубовта е тема и назив на многу книжевни, филмски, театарски, балетски остварувања и сл.
Но колку и да е безвременски и универзално актуелна тема и инспирација, се чини дека за секој од нас таа претставува мистерија.
Пристапите кон љубота се различни и на индивидуално и на епистемолошко ниво. Бидејќи многу зависи дали на љубовта ќе пристапиме од религиска, етичка, сенсуалистичка, емпириска, историска гледна точка.
Сепак и покрај голем број на филмски остварувања кои се класифицираат како ромаси во филмскиот жанр, ние ви предлагаме три филмови кои ќе ви дадат сосема поинаква перспектива и доживување на љубовта од класичните „романтичарски“ приказни.
- Краток филм за љубовта на Кшиштов Киешловски
Краток филм за љубовта е полски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Писјевич.
Главните улоги ги играат: Олаф Лубашенко, Гражина Шаполовска, Пјотр Махалица, Стефанија Ивинска, Артур Барцис и Малгоржата Рожњатовска.
Младото момче Томек (го игра Лубашенко) работи во поштата, а живее како потстанар кај постара жена (ја игра Ивинска).
Тој ја набљудува убавата Магда (ја игра Шаполовска) која живее во зградата спроти неговата, а исто така, прави разни обиди за да биде во нејзината близина: се вработува како разнесувач на млеко, ѝ праќа лажни покани за прием на пари во поштата, итн.
- Љубов на Гаспар Ное
Љубов е еротски драмски уметнички филм од 2015 година. напишан и режиран од Гаспар Ное.
Филмот го одбележа четвртиот режисерски потфат на Ное по пауза од пет години.
Својата премиера ја имаше на Канскиот филмски фестивал во 2015 година и беше објавен во 3Д.
Филмот се истакнува по своите неимулирани сексуални сцени.
- Очи ширум затворени на Стенли Кјубрик
Последниот филм на Кјубрик е „Очи ширум затворени“ (Eyes Wide Shut, 1999).
Во главните улоги настапуваат Том Круз и Никол Кидман, млад богат брачен пар во Менхетен кој ќе доживее еден вид на сексуална одисеја.
Приказната е заснована на „Новела за сонот“ на Артур Шницлер; го следи докторот Вилијам Харфорд во сексуалното подземје на Њујорк, мотивиран од сознанието дека жена му имала фантазии да го напушти него и нивното дете за да избега со морнарски офицер.