По утрото денот се познава, нели? Оваа вистина сигурно ви се потврдила многу пати. А може и да ви се повторува секој ден.
Само ако одлучите да ги примените овие утрински навики, кои значително ќе влијаат врз регулирање на нивото на стрес:
Првата работа која ќе ја направите наутро е од исклучително значење.
Наместо да се фатите за шоља со кафе и да очекувате дека таа ќе ви ги реши сите животни проблеми, или да се посветите на разубавување и спортување, проминете време со вашите миленици.
Проверете ја состојбата на растенијата, видете дали на вашите миленици им треба нешто од вас.
На тој начин ќе го разбудите природниот инстинкт во вас и ќе ја рехабилитирате врската со природата.
Не вклучувајте веднаш ТВ или лап топ да одговорите на електронската пошта.
Обртнете внимание на сите нешта кои ве враќаат кон природната состојба, природата е хармонична и синхронична.
Отткако ќе поминете време помеѓу цвеќињата, милениците, семејството, вратете се на секојдневните обврски и ќе забележите дека порелаксирано им пристапувате.