Недостаток на сон, влошена здравствена состојба, временски услови, лоша исхрана, умор… Се тоа се одразува на вашето лице.
Ви предлагаме едноставни трикови како да го подобрите изгледот на вашето лице:
- Подобрување на циркулација
Изложете ја вашата кожа на водена пареа, а веднаш потоа поминете ја со коцки мраз.
Комбинација на топло – ладно ќе го стимулира протокот на крвоток на кожата и ќе го подобри изгледот.
Внимавајте да завршите со ладна облога, за да ви се затворат успешно кожните пори и да се стегне кожата.
- Хидрирање
Премачкајте го лицето со краставица, па со лимон и повторно со краставица.
Водата од краставицата ќе биде упиена од вашата кожа, витмин Ц од лимонот ќе помогне во деталната хидрација на кожата.
Важно е да завршите со краставица бидејќи неисчистениот лимон може да предизвика иритации.
- Потхранување
Најдобро за потхранување на кожата е органско масло – маслиново или кокосово.
Нанесете го маслото на крајот од третманот и како слој под шминката.
На тој начин ќе го заштитите лицето од влез на хемикалии директно во кожата.