Општина Кисела Вода објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општината за купување велосипеди во 2021 година.
Заинтересираните треба да приложат фискална смета за купен велосипед од 1 јануари годинава до денот на завршување на Јавниот повик. Лицата кои ќе се јават на повикот треба да дадат изјава дека досега немале добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје или од други институции.
Подетални информации можете да добиете на следниот линк.