Депресијата и анксиозноста често се последица на лошите животни навики, па ако ги редуцирате навиките може да избегнете сигурна депресија.
Анксиозноста и депресијата во психологијата се третираат како пореметувања и потребни се посебни прстапи и третмани за лекување.
Сепак најдобро е да работите на превентива, а еве како можете да спречите да дојде до сигурна анксиозност или депресија:
Избегнувајте алкохол и кофеин
Алкохолот е многу штетен за вашето здравје дури и кога се внесува во мали количини. Затоа најдобро е да го избегнуваат целосно.
Кофеинот исто така прави ендокрини промени во вашето тело кои можат да се одргазат на сонот, перцепцијата, работата на срцето.
Воведете здрав биоритам
Во кревет не се оди по 23.00 часот и не се станува од него се додека не отспиете 7-8 часа во текот на ноќта.
Здравиот сон има голем удел во работата на органите, состојбата на хормонално ниво, работата на невроните и сл. што има значително влијание врз состојбата на свеста и перцепцијата.
Изморувајте се
Работете напорно, спортувајте, изморувајте го телото и посветувајте се на она што го правите.
На тој начин ќе се оттргнете од секојдневните грижи кои многу посилно ве оптеретуваат кога имате доволно слободно време да мислите на нив.
Разговарајте или пишувајте дневник
Ако сте екстроверт, свртете телефон на блиски личности или организирајте средба. Искажете го тоа што ве притиска или ве измачува.
Признавањето на грижите и проблемите ослободува.
Доколку сте интроверт, пишувајте дневник и откривајте се себе што е можно почесто.
На тој начин ги намалувате проблемите и владеете со себе и со нив.
Внимавајте на исхраната
Земајте почесто зачини, јадете лута храна доколку немате дигестивни проблеми, јадете повеќе салати и пијте свежа вода.
Избегнувајте мрсна, високо-калорична храна, која го оптеретува вашиот организам и дополнително придонесува да се чувствувате лошо.