Даска со похован зеленчук, млечни производи и месо и една од најдобрите мезе – даски.
Но наместо да купувате замрзнати веќе поховани производи кои често се без вкус и синтетички произведени, ви предлагаме да направите домашна похована даска.
Пред се ќе ви претставиме како да направите похован кромид и поховани тиквички:
- 4-5 главици кромид
- лебни трошки
- 2 јајца
Исецкајте ја главицата од кромидот на неколку парчиња по хоризонтална основа.
Оделете ги жолтките од белките и посолете со вегета и бибер.
Во направената смеса додадете ги парчињата од кромид и промешајте во лебните трошки.
Во однапред загрејана фритеза пуштајте ги парчињата од кромид едно по едно.
Пржете додека не добијат златно-кафеава боја.
*Истата постапка применете ја и за поховање на тиквички.