Пита со комипир не е баш чест производ во пекарите и ретко можеме да ја најдеме како предјадење што се служи по етно гостилниците.
Сепак оние кои барем еднаш ја пробале оваа пита, знаат дека вкусот на питата со компир не може да се мери со ништо.
Поради потешкотиите да ја најдете во продажба, ви препорачуваме рецепт за подготовка на превкусна домашна пита со компир.
Потребни состојки:
- 1 пакетче кори
- 300 грама компир
- павлака
- сирење
- вегета и други зачини по вкус
- маслиново масло
Начин на подготовка:
Сварете ги компирите. Отткако ќе се изладат, извадете ги од лушпа и изрендајте ги.
Додадете павлака, малиново масло, вегета, бибер или други зачини по ваш вкус.
Извадете една по една кора и премачкајте ја со маслиново масло.
Составувајте по 2 кори за едно филување.
На крајот од кората, нанесете од смесата со компир.
Завиткате ја кората во ролна.
Наредете во подмачкана тава за печење.
Печете на 200 степени се додека корите не добијат руменкаста боја!
Начин на служење:
Пита со компир се служи со домашен томато сос, кечап, јогурт или кисело млеко.
Уживајте!